Македонија

Времето денеска облачно, со локални врнежи од дожд, наместа пообилни

Минималната температура се движи од 2 до 7 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне меѓу 5 и 11 степени

Облачно, со појава на ретки грмежи и локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 л/м2), а на повисоките планини од снег, е временската прогноза за денеска од Управата за хидрометеоролошки рабооти.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура се движи од 2 до 7 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне меѓу 5 и 11 степени.

Во Скопје денот е облачен, со температури што се движат од околу 4 степени наутро до околу 9 степени напладне.

Поради најавените врнежи и активното жолто предупредување за дожд, се препорачува внимателност при возењето, особено навечер и во раните утрински часови, кога коловозите се најчесто влажни и лизгави.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top