Македонија

Врзале куче за автомобил, го влечеле, па го фрлиле во бездна

Иште еден немила случај на изживување и измачување животни

Вознемирувачко видео за суровост кон животните беше споделено на социјалните мрежи на кое се гледа  куче е влечено на пат, врзано за автомобил.

Несреќното куче потоа било фрлено во бездна, а пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Крива Паланка вчера извлекле и згрижиле

„По добиена дојава за фрлено куче во бездна, со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање на надлежните институции, а кое по претходно малтретирање било фрлено во коритото на Крива Река. За жал уште една немила ситуација на изживување и измачување на животните“, велат од ТППЕ Крива Паланка.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top