Македонија

За 10 дена уапсени 151 возач, одземени 50 возила, изречени над 6.000 казни

Дури 1.800 прекршоци се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење

Во првите десет дена од март, полицијата изрекла 6.264 сообраќајни казни на патиштата низ државата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 1.800 прекршоци се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење.

Поради безобѕирно управување со возило лишени од слобода биле 151 лице, меѓу кои 32 возеле под дејство на алкохол, 50 без возачка дозвола, а 12 управувале возило и покрај претходно изречена забрана.

Одземени се 53 возила, додека евидентирани се и 1.477 прекршоци за неправилно паркирање и 110 санкции за возење под дејство на алкохол.

Полицијата санкционирала и 754 лица кои не користеле сигурносен појас, 43 мотоциклисти без заштитен шлем, како и 238 пешаци. Од сообраќај биле отстранети 67 нерегистрирани возила и 79 технички неисправни возила.

Од МВР најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top