Македонија

За пет месеци регистрирани над 100.000 прекршоци

Сообраќајните експерти велат дека за поголем сообраќаен ред не можеме да се потпреме само на системот „Безбеден град“. Недостасува полициско присуство на патиштата и потребни се повеќе инвестиции во сообраќајната инфраструктура

 

За 5 месеци, системот „Безбеден град“ фати над 100.000 возачи кои прават прекршоци на патиштата во Македонија.
Наместо да се намалува, „Безбеден град“ бележи зголемување на сообраќајните прекршоци секој месец од спроведувањето на проектот. Најголемиот број од нив се поврзани со возење со поголема брзина од дозволената.

Во периодот од 2 февруари до 31 мај 2026 година, системот „Безбеден град“ регистрирал вкупно 101.834 прекршоци:

Од нив 19.066 во февруари,

26.241 прекршок во март,

28.033 прекршоци во април.

Во мај се регистрирани 28.494 сообраќајни прекршоци.

Најголем број е за „управување со возило со брзина што ја надминува дозволената брзина“ – 70.365, по што следат 2.519 прекршоци за „управување со возило со истечена дозвола“, а 456 прекршоци се евидентирани за „поминување на затворен семафор – црвено светло“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Системот „Безбеден град“ евидентирал и возачи кои возат со над 170 километри на час во населено место.

Сообраќајните експерти велат дека за поголем сообраќаен ред не можеме да се потпреме само на системот „Безбеден град“. Недостасува полициско присуство на патиштата и потребни се повеќе инвестиции во сообраќајната инфраструктура.

Министерството за внатрешни работи вели дека нивните екипи се постојано на терен. Минатиот месец, полициските екипи издале 16.885 казни за сообраќајни прекршоци и заплениле 238 возила.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top