Македонија

За пожарот во Трубарево приведени се четири лица

Истрагата е во тек

Премиерот Христијан Мицкоски апелира да се следат препораките од институциите по пожарот во Трубарево, по чие избувнување потврди дека се приведени четири лица. Повикувајќи се на последните мерења од Армијата и Институтот за јавно здравје, Мицкоски посочи дека нема вонредно големо загадување. Уверува дека се преземени сите мерки и оти така ќе биде и во наредните денови.

– Приведени се четири лица. Истрагата е во тек. Повеќе детали од Министерството за внатрешни работи и Обвинителство, изјави Мицкоски, кој денеска го посети местото каде што вчера околу 14 часот избувна пожар во складиште за рециклирање отпад во Трубарево.

Премиерот попладнево од Трубарево посочи дека секој треба да ги следи препораките од институциите и најави дека сите кои се наоѓаат во периметарот на пожарот ќе бидат евакуирани  и згрижени.

– Последните мерења што ги прават и Армијата и Институтот за јавно здравје велат дека немаме вонредно големо загадување. Ако вчера беше на мерна единица помеѓу осум и девет, сега е меѓу пет и шест, повторно има, но не е вонредно големо загадување. Зборувам во периметар од 100 метри околу местото каде што се случи пожарот, рече Мицкоски.

Прашан дали ќе побара одговорност од министерот за животна средина Изет Меџити по објавите за негови предизборни партиски активности откако избувна пожарот, рече дека цело време имале комуникација и оти се преземени сите мерки.

– Со Меџити бев цело време на линија и јас вчера. И тој беше на линија со сите министри и Управувачкиот комитет, така што буквално сите мерки беа преземени во текот на вчерашниот ден. И денеска и ќе бидат преземени и во деновите што следат. Да се намали тензијата, нема потреба од паника, работата е целосно под контрола, изјави Мицкоски.

Се планира поголема контрола и на други места со вакви капацитети, како што нагласи, врз основа на ресурсите со кои располагаат.

–  Апсолутно да. Да располагавме со функционални беспилотни летала ова немаше да се случи. За жал, државата е уништувана изминатите седум години што би рекол  „до балчак“, рече премиерот на новинарско прашање.

Во однос на чекорите што ги презема Владата за подобар систем за управување со отпад, потсети дека е распишан повик за регионална депонија за сметот во југоисточниот дел на државата, почната е продецедура за депонија за смет во југозападниот дел, а наведе и дека „се придвижил процесот за пречистителна станица во Битола, Тетово, Скопје и уште многу други работи“.

– За жал, во минатото речиси ништо не е направено по тоа прашање, но ние ќе продолжиме да рабтиме по тоа прашање. Не ги исклучувам диверизиите и во периодот што следи. Такви се извештаите што ги добиваме. Има многу центри на моќ и во државата и надвор. Има многу центри на моќ и во државата и надвор кои не сакаат оваа влада да успее. Има многу центри на моќ дома и надвор кои ќе продолжат да креираат, да шпекулираат, да лешинарат, но ќе повторам – без паника, ќе се бориме и ќе победиме, изјави Мицкоски. 

Најнови вести од: Македонија

Петкоска: 32 милиони и 260 илјади денари повеќе во Буџетот за 2026 година за промоција и поддршка на туризмот и културата

Буџетот е крвната слика на државата, стратешки документ во кој се насликани приоритетите на граѓаните. Сите знаеме дека закрепнувањето на економијата е најважната работа која влијае врз животниот стандард, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска на денешната собраниска седница на која се дискутира за Предлог-буџетот за 2026 година.

Шабан Салиу од судница: Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа не можеше да го предвиди ова обвинение

На денешното рочиште во Основниот суд Кочани, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу (52), кој ја водеше институцијата од 2008 до 2017 година, го отфрли обвинението во случајот „Пулс“ – судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС како расипана плоча, едно те исто секој ден, мигранти во Македонија нема да има

ВМРО-ДПМНЕ и денеска категорично ги отфрли тврдењата на СДСМ дека во земјата се подготвуваат аранжмани за прифаќање мигранти, оценувајќи дека опозициската партија „секојдневно ја бомбардира јавноста со исти невистини“.

To top