Македонија

За санкции кон Русија, одма се консолидираа за консензус – Нам сите ни се наредија (Статус на денот)

,,И се прди на Европа за нас”

Професорот Игор Трајковски сопственик на агрегаторот за вести Time.mk кој остана без вестите од главните македонски медиуми и сега нема квалитна содржина е автор на статусот на денот.

 

Трајковски на социјалната мрежа Х поранешен Твитер го коментира однесувањето на Европската Унија која и покрај несогласувањето меѓу членките на крајот најде решение за 18тиот пакет санкции за Русија но кога е во прашање Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ никогаш не може да се дојде до позитивен заеднички став.

 

,,За санкции кон Русија, одма се консолидираа за консензус. Нам сите ни се наредија. И се прди на Европа за нас. Мада некогаш и со право”, пишува Трајковски користејќи ја во статусот  славната реченица на Горан Стефановски во која тој кажува какви стомачни тегоби има Европа или Европската унија кон Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Доживотните казни за убијците на Вања и Панче пред Апелација

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

To top