Македонија

За шест часа над 60 казни, уапсени осум пијани возачи

Синоќа 63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава

Во текот на изминатата вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од нив, по 12 на територијата на СВР Битола и СВР Куманово, по девет на територија на СВР Велес и СВР Охрид, осум на територија на СВР Куманово… Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се четири возачи под дејство на алкохол.

Лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик. За време на контролата санкционирани се и 162 други видови на прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Од СДСМ се против се’, но не и против распродавање на Македонија (ВИДЕО)

Да им ставите бел лист хартија, тие ќе потпишат сè само да не треба тие да го платат, само да можат да го платат граѓаните и Македонија, а тие да може што повеќе да украдат од истите и да стават во своите џебови, рече премиерот на синоќешниот митинг во Брвеница

To top