Македонија

За Софија нема македонски туку „достапен јазик“

Во моментов на повидок нема никакви знаци за  можен дијалог меѓу двете земји со или без посредство на ЕУ, иако според премиерот Мицкоски, Македонија е на располагање секогаш и секаде да ги претстави аргументите

 

Бугарското Министерство за надворешни работи реагира на изјавата на македонскиот премиер  Христијан Мицкоски, кој вчера изјави дека на Бугарија ѝ пречело тоа што на македонски јазик е Акцискиот план за малцинства, испратен од Македонија до Софија пишува Дојче веле.

Премиерот Христијан Мицкоски наведе дека биле советувани од Брисел, Акцискиот план, кој бил подготвен со најдбори експерти од Советот на Европа, да ѝ го достават на Софија еден ден порано, како знак на добра волја.

„Така направивме, го дадовме ден однапред. Е сега им сметало што е на македонски јазик. Во меѓународна употреба, согласно Уставот, официјален јазик е македонскиот јазик. Јас не можам како претседател на Влада, ниту пак министерот, да го кршиме Уставот. Ако мислат дека ќе го испратиме на друг јазик – ние немаме друг јазик. Согласно Уставот тоа е македонскиот јазик. Тие уште еднаш покажуваат дека проблемот нема врска со малцинство или  Бугари во Устав. Имаат многу подлабоки корени нивните барања и многу подлабоки се проблемите. И уште еднаш покажуваат дека нивната намера е сосемна поинаква“, рече премиерот.

Мицкоски изрази жалење што Бугарија уште еднаш ја испуштила шансата да покаже дека се добри соседи.

„Ниту една земја членка нема против, ниту едно малцинство во Македонија, бидејќи имаше и јавна дебата, јавна расправа – нема против. Е проблем било, што било на македонски јазик“, повтори премиерот.

На новинарско прашање дали освен за јазикот, имало и други забелешки тој одговори:

„Нема. Другите се небитни. Сите забелешки ќе ги прифатиме, но јас не можам да се откажам од мојот мајчин македонски јазик“, рече македонскиот премиер.

Бугарското МНР во соопштение објавено на веб страницата на институцијата, објави дека „Република Бугарија со загриженост ги забележува последователните тези на властите во Скопје, кои остро се разминуваат со есенцијата на Европскиот консензус од 2022 година“.

Во него не се спомнува  македонски јазик, туку „достапен јазик“ за граѓаните на  Северна Македонија и се наведува дека во Скопје нацртот бил претставен на англиски.

„Прашањето – на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од  Македонија – е внатрешно за соседната држава и не е тема на билатералните односи. Документот ќе се спроведува токму од нејзините институции кон нејзините сопствени граѓани и логично е да биде на јазик достапен за нив. Изборот на Скопје да го претстави нацртот на тој план на своите граѓани на англиски јазик е тешко објасниво, особено ако се планира Планот да биде реално спроведен“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.

Од Софија потсетуваат дека на Акцискиот план треба да му претходи впишување на Бугарите во Уставот.

„Потсетуваме, дека Планот за правата на заедниците е чекор предвиден да следи по впишувањето на Бугарите во Уставот, кое се уште претстои и кое ќе им дозволи на нашите соседи да отворат  пристапни преговори.  Истовремено, ги поздравуваме зборовите на премиерот Христијан Мицкоски дека ‘ќе ги прифати во Планот сите други збелешки’ на бугарската заедница и сметаме дека ќе го испочитува ова ветување кон нив“, наведува бугарското МНР.

…

Во моментов на повидок нема никакви знаци за  можен дијалог меѓу двете земји со или без посредство на ЕУ, иако според премиерот, Македонија е на располагање секогаш и секаде да ги претстави аргументите.

„Имаше иницијатива и од претседателката на  ЕК, Фон дер Лајен и од претседателот Кошта таква средба да се организира во Брисел. За жал, од другата страна ја одбија таква средба. Потоа имаше иницијатива од Париз, тие да бидат домаќини на ваква средба, повторно ништо. Имаше иницијатива од Берлин тие да бидат домаќини на ваква средба – ништо. Пораката беше од Софија, ама ние треба заедно да разговараме. Чекајте, чекајте, дајте да се одлучиме: билатерален ли е проблемот или ние имаме проблем со Брисел? Ако е билатерален, тогаш ја потврдувате тезата дека го билатерализирате процесот на пристапување, дека нема врска сo Копенхагенските критериуми.

Ако е така, да знаеме. Во ред. Нели е тоа прекршување на меѓународното право, нели е тоа прекршување на повелбата на  Европската Унија“,  праша Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

To top