Македонија

За „старците“ нема место ни во старечките домови

Во сите јавни и дел од приватните установи за сместување стари лица има листи на чекање

Во сите јавни и дел од приватните установи за сместување стари лица има листи на чекање, наведуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади,

На прашање од МИА колку лица имаат потреба од старски домови, а нема можности да бидат сместени и има ли листи на чекање, потврдија дека има потреба од вработувања во старските домови.

-„Има недостиг од соодветен стручен кадар за опслужување на постоечките установи за сместување на стари лица од социјални работници, медицински сестри и негуватели“ одговорија од Министерството.

Вкупниот сместувачки капацитет во јавните установи е 676 легла. Покрај сместување на старите лица во јавни установи, сместување обезбедуваат и 38 приватни домови. Вкупниот сместувачки капацитет во приватни установи изнесува 1.609 легла. Од постоечките приватни установи за сместување стари лица, најголем дел се во Скопје.

– Цените за сместување во јавни установи за вонсемејна социјална заштита на стари лица се движат од 10.900 денари до 25.800 денари во зависност од здравствената состојба на корисникот, споделија од Министерството.

Прашавме, каде се наоѓа државава, споредбено со регионот и светот, кога е во прашање обезбедувањето услови за сместување стари лица во старски домови.

„ Со институционалното сместување во Република Македонија, опфатени се 0,5 проценти од вкупниот број стари лица, во однос на европските стандарди кои препорачуваат да бидат опфатени 3-5 отсто од старите лица“, одговорија од Министерството.

 

Најнови вести од: Македонија

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Мицкоски: Трагедијата во Кочани засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање

Премиерот нагласи дека една година по трагедијата , нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем.

To top