Македонија

За Таравари Мицкоски е патриот!

Таравари јасно и гласно и тоа за косовски медиум: „Имам почит кон секој патриот, вклучително и за Мицкоски.“

„Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците, го критикуваше македонскиот премиер Христијан Мицкоски во интервју за Вокс Медиа во Косово, поради неговата реторика, која е сè повеќе националистичка.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“ во својата информација со наслов „Мицкоски ја изгуби својата политичка јасност и се движи кон сепаратистички национализам“.

Натаму порталот наведува: „Имам почит кон секој патриот, вклучително и за Мицкоски, но тој ја изгуби својата политичка јасност.“ – рече Таравари.

„Арбен Таравари додаде дека националистичката реторика со ‘сепаратистичка нијанса’ на Мицкоски не ѝ одговара на Европа од 21 век, а камоли на мултиетничка земја како С.Македонија.“ – пренесе „Актуале“.

Најнови вести од: Македонија

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top