Македонија

За тутунарите – над две милијарди денари

Реализирана е рекордна исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година

Реализирана е рекордна исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година.

Оваа исплата не е само финансиска поддршка, туку и потврда дека трудот, посветеноста и макотрпната работа на македонските тутунари се вреднуваат и се почитуваат. Станува збор за една од најголемите исплати досега, која директно придонесува за подобрување на ликвидноста на земјоделските стопанства и зајакнување на руралната економија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од Владата предводена од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само две години со исплаќањето на 2 милијарди денари за тутунарите, вкупно има за само две години исплатено околу 15 милијарди денари субвенции. Тоа е една милијарда денари повеќе за две години, отколку што СДС и ДУИ исплатиле за 3 години.

Тутунопроизводството е една од најзначајните и најстратешки земјоделски гранки во државата.

Илјадници семејства егзистираат од ова производство, а македонскиот тутун со децении е препознатлив по својот квалитет и претставува важен извозен производ кој придонесува за развојот на националната економија.

За разлика од времињата кога на власт беа СДС и ДУИ и кога земјоделците со месеци чекаа на исплата на заслужените средства, денес субвенциите се исплаќаат навремено и одговорно. Тоа е доказ дека институциите работат во интерес на земјоделците и дека поддршката не останува само ветување, туку се претвора во конкретна реализација.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на креирање политики кои ќе обезбедат стабилно и конкурентно земјоделство, повисоки приходи за производителите и сигурна иднина за земјоделците.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестиции, мерки и програми кои го поттикнуваат развојот на земјоделството и ја зајакнуваат позицијата на македонскиот земјоделец.

Со дела, а не со зборови, покажуваме дека земјоделството е еден највисоки приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката за тутунарите продолжува, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата кај земјоделците и заеднички со земјоделците гради стратегија за развој на земјоделието.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

To top