Македонија

Забрана за камиони и автобуси на неколкју патни правци

Поради врнежи од снег од 7.40 часот се воведува забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“

Од 06:50 ч., воведена e забрана за тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево поради обилни врнежи од снег, информира АМСМ.

Поради врнежи од снег од 7.40 часот се воведува забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“. За другите видови возила е задолжителна употребата на зимска опрема.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести од: Македонија

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

To top