Македонија

Вински Фестивал Битола: Фестивал на вино, музика и градска атмосфера

Од 7 до 9 мај 2026 година

Од 7 до 9 мај 2026 година, платото пред Офицерски дом во Битола ќе биде домаќин на „Вински Фестивал Битола“ – фестивал посветен на виното, музиката и урбаното дружење. Во текот на три вечери, посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно селектирана музичка програма, во амбиент кој го спојува духот на градот со современа фестивалска енергија.

Програмата започнува на 7 мај (четврток) со настап на резидент диџеј од 18:00 до 20:00 часот, по што следува групата Еликсир од 20:00 до 21:30 часот. Од 21:30 до 23:00 часот настапува „Пауза за ракија“, а сцената завршува со DJ Александар Јорданов од 23:00 до 00:30 часот.

На 8 мај (петок), програмата започнува со резидент DJ од 18:00 до 19:00 часот, по што следува Сити Бенд од 19:00 до 20:00 часот. Во 20:00 часот настапува акустик бенд Џубокс, а од 21:30 до 23:30 часот е резервирано за Камерен оркестар Битола. Вечерта завршува со настап на Гоце Saff од 23:30 до 01:00 часот.

На 9 мај (сабота), третата вечер започнува со резидент диџеј од 18:00 до 20:00 часот, продолжува со Б52 од 20:00 до 21:30 часот, потоа следува Љубојна од 21:30 до 23:00 часот, а завршува со Паркети од 23:00 до 01:00 часот.

Покрај музичката програма, посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од домашни винарии, проследени со гастрономска понуда која го надополнува целокупното искуство.Настанот е отворен за сите посетители и е наменет за оние кои сакаат добро вино, внимателно избрана музика и опуштена градска атмосфера.

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Да беше жив Јонче ќе го соблечеше палтото – Карерас пееше една од неговите легендарни песни

Изведбата на Карерас на антологиската песна, оригинално создадена од Јонче Христовски, предизвика огромни овации, силни емоции и воодушевување кај многубројната публика на преполниот плоштад ,,Македонија”

Најнови вести

To top