Македонија

Заменик директорот на НП Македонски шуми донираше 200 липи за роденденот на градоначалникот на Делчево: Јас ги плаќам

Ајде да започнеме да градиме свест, а врз таа свест систем во кој ние, сите оние кои можат, место за својот џеб ќе поработиме повеќе за општото добро на нашите сограѓани

Заменик-директорот на НП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, му донираше 200 садници липи на градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски по повод неговиот роденден.

„Почитувани, на идеја на градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски, инаку мој добар пријател, по повод неговиот роденден му донирам 200 преубави садници липа!

Тој потенцираше дека Делчево во минатото бил град на липите и еве заеднички земаме обврска заедно со сите граѓани кои го сакаат градот повторно да го направиме таков!

Јас како негов пријател, за секој негов нареден роденден додека е градоначалник, без разлика каде јас ќе бидам со работа, секоја година ќе му донирам толку колку што ќе побара садници липи!

Покрај мојата лична донација, за Делчево донираа уште неколку општо одговорни компании и граѓани при што бројката надмина 1000 садници липи.

Е сега, знам дека одредена група граѓани ќе не обвини за лична себепромоција, а еден дел може да одат дури и дотаму да кажат дека користиме државни ресурси за тоа.

Но еве веднаш, пред да се дигне било каква магла, да го расчистиме сето тоа!

Прво, садниците се лично моја донација, а истите, градоначалникот Иван не ги однесе да ги посади на свој имот, туку ги остави на сите граѓани.

Второ и уште поважно, целта на овој настан не само што не е лична самопромоција, туку примарно тој има за цел да разбуди свест кај што повеќе останати јавни личности од политиката, спортот, културата и воопшто луѓе од општествениот јавен живот во Македонија да дел од нивните важни дати во животот ги искористат за општокорисни настани.

Овој настан не дека е којзнае колку голем и скап, во моментов, толку ни се можностите, но, поентата е во самиот гест.

Во иднина, секако има и ќе има луѓе кои ќе имаат поголеми можности, и еве, нека бидат пример и нека направат многу повеќе.

П.С. Знаете, сите сме изморени преживувајќи неколку децении самостојност кои покажаа дека на повеќето политичари, судии, обвинители или какви и да се јавни личности во Македонија, најлесно им е да се “натанкираат” лично за себе и ретко кој од нив да направат нешто за општо добро.

Ретки се оние од нив кои се вратија пак во старото гнездо, во безмалку истите услови.

Ајде да започнеме да градиме свест, а врз таа свест систем во кој ние, сите оние кои можат, место за својот џеб ќе поработиме повеќе за општото добро на нашите сограѓани.

Мислам дека секој би бил многу поисполнет ако место да изгради огромна хациенда, во своето родно место помогне да се средат сите улици, паркови, клупи, маси или што и да е за добро на сите свои комшии, роднини, пријатели и познаници.

Да изградиме навика, свест и систем во кој она кое некому би му значело малку, на останатите да им значи многу …

Ако во изминатите три децении секој од оние кои ненормално се збогатија вложеа барем малку во заедничко општо добро, Македонија ќе беше одамна Дубаи, и тоа не како ова сега малку разрушено, туку како она целосно сјајно.

Ајде, сега ние со Иван одиме да видиме како се садат липите, за се останато, ќе дебатираме подоцна, …“, вели Михаилов.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителот предложи притвор за „газдарицата“ на „Камените кукли“ Стојна Димитровска Бут (41) од Кратово, која беше уапсена на 2 август, откако се тепаше со туристи!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која вчера беше лишена од слобода и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација на локалитетот „Камени кукли“, наоѓалиште е заштитено како природна реткост, во кратовското село Куклица.

Митрополит Григориј: ЕУ ѝ дозволува да Бугарија злосторнички да се меша во уставот, за да ги бугаризира Македонците и да се прекројат границите на Македонија!

„Божествен пророче и небесен човеку Илија, дај му победа на македонскиот народ над непријателите и милост голема на душите наши! ЕУ ја штити Бугарија. ЕУ ѝ допушти на Бугарија на македонскиот народ да му испрати бранови на смрт, наместо бранови на живот. На Бугарија ѝ се дозволува да изврши етноцид – геноцид врз македонскиот народ.“ – нагласува, покрај другото Григориј, митрополитот Кумановско-осоговски на Макеодонската православна црква – Охридска архиепископија, во своето слово по повод државниот празник Илинден и црковно-народниот празник Свети Илија.

„Македонска нација“: Сократ Маркилов, симболот на неуништливоста на македонската свест наспроти сите обиди на Бугарија да ја уништи!

… живеев, страдав. Окови носев. Зад железни решетки заклучен бев во ќелија темна, таму тиранинот ме мачеше, поради тоа што се борев за ослободувањето на мојата поробена татковина Македонија. Македонци, мои мили браќа, не жалете ме! Главите горе, запејте ја ‘Бисер Балкански’ и продолжете ја борбата за остварување на вековните стремежи и идеали на нашиот измачен македонски народ. Мојата смрт нека биде вечно проклетство на македонските непријатели, поробувачи алчни, без ронка чест, без ронка срам.“ – ова е претсмртната порака до сиот македонски народ, која му ја оставил Сократ Данаилов Маркилов, еден од најистакнатите припадници на македонското национално движење и страдалник за македонската национална кауза во Бугарија. Оваа порака на Маркилов е објавена како дел од некрологот за 40-дневниот помен од неговата смрт во 1993 година, кој му го одржал тогаш ОМО „Илинден“ – Пирин, политичката организација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, денес во Бугарија. Тој е починат на денешен ден, на 4 август во 1993 година. Триесет и третата година од неговата смрт е соодветен повод за должно сеќавање и чествување на животот и дејноста на овој истакнат деец за Македонија и македонскиот народ, кој одлежа 17 години во бугарските затвори, поради својата македонска определба и дејност.

Димитриевски: Не доликува претседателот на Собранието да не биде присутен на „Илинден“

Се знае редот, за 2 Август секогаш претседателот на државата оди на едно од трите значајни места за Илинден, премиерот оди на второто, а претседателот на Собранието на третото

Најнови вести

To top