Македонија

Заменик-министерката Зеколи Шаќири бара правда за прегазениот сопруг, осудениот добил само 7 месеци казна затвор

Заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи-Шаќири, денес одржа емотивна прес-конференција на која повторно побара правда за трагичната сообраќајна несреќа што се случи пред три години на скопската обиколница кај Радишани.

Заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи-Шаќири, денес одржа емотивна прес-конференција на која повторно побара правда за трагичната сообраќајна несреќа што се случи пред три години на скопската обиколница кај Радишани. Во несреќата животот го загуби нејзиниот сопруг, велосипедистот Арбер Шаќири, кој беше прегазен од возачот на моторно возило.

По пресудата со која сторителот беше осуден на само седум месеци затвор, Зеколи-Шаќири вели дека и е ускратено правото на жалба како оштетена страна. Таа со болка ги сподели моменти од судницата и ја истакна неправдата со која се соочува.

„И во најтешкиот момент, кога беше објавена пресудата, а болката повторно ме совлада, судијката Драгана Исаковска го крена гласот. Го крена гласот кон жена која изгуби се, само затоа што реагирав човечки. Во тој момент не зборував како професионалец, туку како мајка и скршена сопруга. Излегов со реченица што доаѓаше од мојата душа. Се надевам дека никогаш нема да доживеете таква болка. Денес сум пред вас со врзани раце, законот не ми дава право на жалба, но Обвинителството ми дава и денес јавно се обраќам. Барам жалба на пресудата, барам фер пресуда“, нагласи Зеколи-Шаќири.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top