Македонија

Сиљановска-Давкова: Чинот на вапцање не е само обичај, туку и момент на семејна блискост и духовна подготовка

Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод претстојниот христијански празник Велигден истакна дека чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност.

-Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува. Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник, објави Сиљановска -Давкова на својата Фејсбук страница.

Претседателката посочува дека со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение.

Најнови вести од: Македонија

Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

Голем број волонтери – членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) спроведоа акција за пошумување во близина на акумулацијата „Мавровица“

To top