Македонија

Засилено се работи на главната траса на дел од автопатот во изградба Кичево-Охрид – Наскоро во функција уште една делница

Работата на изведувачите Гранит, Синохидро и Илинден се одвива на сите подделници од автопатот

Засилено се работи и се асфалтира главната траса на дел од автопатот во изградба Кичево-Охрид.“ – информира Јавното претпријатие за државни патишта.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со инженерскиот тим изврши увид во активностите на трасата. Беше известен дека се работи забрзано и оти работата на изведувачите Гранит, Синохидро и Илинден се одвива на сите подделници од автопатот.




Покрај асфалтирањето, се поставува и еластична ограда, се бетонираат плочасти и цевасти пропусти, се уредуваат клучки и натпатници, се поставува осветлување и тн.

Очекувањата се наскоро, за многу краток период, да биде ставена во функција уште една делница од автопатот во изградба Кичево-Охрид.



Од теренскиот увид беше видлива раздвиженоста на трасата каде што изведувачите заедно со подизведувачите работат со максимален интензитет. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски им изрази јавна благодарност на сите чинители, кои се активно и максимално посветено вклучени во остварувањето на овој значаен проект.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top