Македонија

„Земи си ја терапијата Џамбаски“: Илиевски за влажните сништа за обединување

ТВ-водителот до бившиот европратеник инспириран од донесениот закон од Парламентот на Романија за обединување со Молдавија

Телевизискиот водител Богдан Илиевски му порача на бившиот европратеник Ангел Џамбаски да си ја земе терапијата по најновата провокација против Македонија од потпретседателот на ВМРО-БНД.

„Земи си ја терапијата Џамбаски. Резултатите се од јуни 2026 (на анкетата на „Евротинк“, во која за 74,2 отсто Бугарија е најголема закана за Македонија – н.з.). Таквите суртуци ко тебе се меѓу клучните фактори што нештата се онакви какви што беа на крајот на втората светска војна, бидејќи ваквото поведение неодоливо потсетува на окупаторскиот карактер на про-фашистичката власт во Бугарија“, реагира Илиевски на објавата на Џамбаски на Фејсбук: „Замислете само какво врескање ќе настане ако само предложиме ваков закон за обединување со Северна Македонија во бугарското Народно собрание“, откако Парламентот на Романија донесе закон за овластување на Владата „најитно што може“ да почне преговори за обединување со Молдавија.

Најнови вести од: Македонија

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

To top