Македонија

Земјотрес со јачина од 4,1 степен го потресе Скопје и регионот

Сеизмолозите следат можни последователни потреси

Пред само неколку минути, во 17:41 часот, Скопје и околината беа погодени од земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Потресот бил јасно почувствуван од голем дел од граѓаните во главниот град но и во Србија и Косово.

Според првичните информации, епицентарот се наоѓал во регионот на Скопје.

Засега нема информации за материјални штети или повредени лица.

Најнови вести од: Македонија

To top