Македонија

Земјотрес во Албанија утрово ја „стресе“ и Струга

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Струга и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово бил регистриран во соседна Албанија, а е почувствуван од жителите на Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Утрово во 7:52 минути е почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Република Албанија на околу 144 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 4 степени“.

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Струга и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот се случил во 7:52 часот, а епицентарот е на 46 километри од Тирана, на длабочина од 20 километри.

Проценката на ЕМСЦ е дека неговата јачина е 3,8 степени

Најнови вести од: Македонија

To top