Македонија

Зголемен интерес за осигурување, за што одат најмногу пари?!

Осигурителниот пазар во Македонија бележи континуиран и умерен раст. Заклучно со септември, вкупната наплатена премија изнесува околу 1,08 милијарди денари, од кои 75,2 милиони денари се во осигурување на живот (нови полиси), а над една милијарда.

Осигурителниот пазар во Македонија бележи позитивен тренд во последните неколку години, покажуваат податоците од Агенцијата за супервизија на осигурување. Во 2024, споредбено со претходната година забележан е пораст од 11.32%. Осигурителните друштва велат, во подем е дополнителното здравствено осигурување, за кое има најголем интерес, но исто така се зголемува продажбата и за КАСКО осигурување, како и за осигурувањето на имот.

Во последните неколку години се забележува зголемена свесност и интерес, за осигурување по различен основ кај населението во земјава. Според Агенцијата за супервизија на осигурувањето вкупната полисирана премија во 2024 е зголемена за 11,32 отсто во однос на претходната година.

Осигурителните друштва велат, покрај задолжителните полиси, интересот е зголемен за полиси за КАСКО осигурување, доста популарно е имотното осигурување, а на прво место е дополнителното приватно здравствено осигурување.

Одговорите на граѓаните кои ги анкетиравме покажуваат дека најголем дел од нив во текот на животот имале некаков вид на осигурување. Дел од нив иако сметаат дека тоа е добро, сепак немаат никаква полиса.

Од осигурителните друштва велат за да не доаѓа до дополнителни проблеми при користење на нивните услуги, граѓаните целосно да се информираат пред склучувањето на полиси.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top