Македонија

(Фото): Одрони, поплавени објекти – дождот прави проблеми низ цела Македонија

Поплавено е земјоделско земјиште и дел од дворови во тетовско, а ЦУК информира за излевање на реката Вардар во селото Балин Дол, како и излевање на Лукавичка река во селото Мало Турчане и Сушичка Река во селото Горно Бањице. Поголем одрон има и на патот село Татеши – село Мислодрежда. Во Охрид пријавени се поплавени подруми, гаражни и дворови на повеќе локации. Според ЦУК, засега стабилна е ситуацијата во Кумановско и Скопско.

Поплавени подруми, гаражи, дворови и одрони на одредени патишта евидентира Центарот за управување со кризи по обилните врнежи во земјава. На удар е западниот дел од земјата. Одрони има на патните правци Гостивар – Стража и Тетово – Бањиче поради што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања. Пријавени се и поплавени станбени објекти во Кичево каде во тек е евакуација на жителите.

Поплавено е земјоделско земјиште и дел од дворови во тетовско, а ЦУК информира за излевање на реката Вардар во селото Балин Дол, како и излевање на Лукавичка река во селото Мало Турчане и Сушичка Река во селото Горно Бањице. Поголем одрон има и на патот село Татеши – село Мислодрежда. Во Охрид пријавени се поплавени подруми, гаражни и дворови на повеќе локации. Според ЦУК, засега стабилна е ситуацијата во Кумановско и Скопско.

Според последната информација на Центарот за управување со кризи, до 17:00 часот состојбата во поголемиот дел од Македонија е стабилна и не се бележат пречки во редовното функционирање, иако земјата е зафатена од значителни врнежи. Во Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово не е констатирано излевање на реки, ниту се регистрирани негативни последици од дождот. Општинските служби активно ја следат ситуацијата.

Во Кичево, бележиме поплави на стамбени објекти на улицата „Прилепска“, и во тек е евакуацијата на жителите. На терен работат екипи од Општина Кичево, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст и другите надлежни институции. Во Струга, по пријава на итен повик, регистриран е поголем одрон на патот помеѓу селата Татеши и Мислодежда. Јавното претпријатие „Македонија пат“ е известено и презема мерки за санација. Во тетовско и гостиварско, регистрирани се одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, поради што сообраќајот се одвива со отежнувања.

Центарот за управување со кризи известува дека врнежите продолжуваат, а состојбата на теренот и водостоите на реките се следат постојано од сите надлежни институции.

Најнови вести од: Македонија

„За мене постои само Република Македонија без придавки“, рече Kалиопи и го најави големиот концерт

Калиопи на прес-конференција го најави големиот концерт што ќе го одржи на 17 октомври во скопската арена, но дел од нејзиното обраќање беше посветен и на името на државата, како и на новото име на големата сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Големата сала од крајот на јули функционира под името „Т Арена“, по партнерството […]

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top