Македонија

Жестокиот критичар на великобугарскиот шовинизам Мито Хаџивасилев-Јасмин (21.12.1922-1.8.1968): Македонците не можат да бидат асимилирани поради нивната јасна македонска национална свест!

Мито Хаџивасилев-Јасмин е многу повеќе од новинар и публицист: тој е директен учесник во македонската Народноослободителна и антифашистичка борба во Втората светска војна. Преку своите текстови кристално јасно ги заштитува македонските национални и политички интереси. Се пројавува како застапник на македонските национални особености и како критичар на сите националистички и шовинистички активности против македонскиот народ.

„Постојано ce правеле обиди да ce фалсификува историјата на нашиот народ. Тоа го правеле како великобугарите така и великосрбите. Дури и романските реакционери ce обидувале да докажат дека ние, Македонците, сме Романци. Сите фалсификати ce вршени во интерес на поробување на нашиот народ… По ваквите фалсификувања во однос на нашиот народ денес е чудно зошто е потребно во отечественофронтовска Бугарија да ce прават обиди за неточно прикажување на одделни настани од борбата на нашиот народ за ослободување. Бугарските весници немаат никаква потреба да ја прикажуваат неточно борбата за ослободување на Македонија, туку ce должни и од своја страна да ce борат против секакви обиди за неточно изнесување на херојската борба на македонскиот народ за неговото ослободување, како во подалечното така и во најблиското минато.“ – напишал Мито Хаџивасилев-Јасмин уште во 1948 година во весникот „Нова Македонија“ во својата статија со наслов „За некои нови пројави во великобугарскиот шовинизам“. Меѓу другото, во споменатиот текст, тој ги нагласил добрососедските односи меѓу Југославија и Бугарија, како и договорот за соработка и македонското прашање, склучен меѓу Тито и Георги Димитров. Јасмин прави и анализа на неколку бугарски националистички испади, кои зачестиле во пролетта 1948 година, односно пред и за време на размената на писмата меѓу ЦКСКП (б)и ЦК СКЈ, што наедно претставувало и увод кон состојбите што ги условила резолуцијата на Информбирото. Ова се наведува во статијата со наслов „Првото перо на македонското новинарство и заштитник на македонската национална самобитност“, посветена на Мито Хаџивасилев-Јасмин  и која е објавена во „Нова Македонија“ на 21.12.2024 година. Ја пренесуваме оваа статија по повод денешното навршување на 57-мата годишнина од смртта на овој бележит македонски револуционер, новинар-публицист и политичар. Во 46-тата  година од животот Мито Хаџивасилев-Јамин ненадејно починува на 1 август 1968 година во местото Брела, во Хрватска.

Застапник на македонските национални особености и критичар на сите националистички и шовинистички активности против македонскиот народ

Во споменатата статија во „Нова Македонија“ од 2024 година пишува: Мито Хаџивасилев-Јасмин останува запаметен во македонската национална меморија како првото перо на македонското новинарство и публицистика и како главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“. Но Хаџивасилев е многу повеќе од новинар и публицист: тој е директен учесник во македонската Народноослободителна и антифашистичка борба во Втората светска војна. Преку своите текстови кристално јасно тој ги заштитува македонските национални и политички интереси. Се пројавува како застапник на македонските национални особености и како критичар на сите националистички и шовинистички активности против македонскиот народ.

Богатата публицистичка и теоретска дејност на Мито Хаџивасилев-Јасмин е собрана и објавена во неколку тома. Тој е автор на повеќе книги и брошури: меѓу нив од областа на македонската национална историја се „ВМРО-Обединета“, „Јане Сандански“ и „За великобугарскиот шовинизам“, од областа на општествените науки се „Свртени кон човекот“, „СКЈ и непосредната демократија“, „Социјалистичката распределба според трудот“, „Одраз-Израз“, „За противречностите на социјализмот“, „Односите меѓу социјалистичките земји и проблемот на мирот“.

Учеството  на Хаџивасилев во македонската народноослободителна и антифашистичка борба

Животниот пат на Хаџивасилев започнува во Кавадарци, каде што е роден на 21 декември 1922 година. Се преселува во Битола и таму завршува гимназија. Уште во училишните клупи е под влијание на левичарските идеи. Во 1940 година како 18-годишен младинец е примен во членство во КПЈ. Непосредно пред Втората светска војна е член на Месниот комитет во Кавадарци и секретар на МК на СКОЈ. Според првиот претседател на Собранието на Република Македонија Стојан Андов, кон крајот на март 1941 година, Мито Хаџивасилев–Јасмин бил затворен во велешкиот затвор, поради неговите политички активности. Тука редовно бил претепуван и носен раскрвавен во ќелијата. „Тој не признал ништо.“ – рекол Андов.

По ослободувањето од затвор Мито Хаџивасилев извршувал истакнати функции во народноослободителното движење: заменик-политички комесар на Третата оперативна зона на НОВ и ПОЈ за Македонија и заменик-политички комесар на Втората народноослободителна македонска ударна брига. До 15 јануари 1945 година е член на Обласниот народен одбор во Битола. При крајот на војната бил во екипата, што ја составил Президиумот на АСНОМ, заедно со повеќе млади и писмени луѓе, од кои била формирана редакцијата на штотуку основаниот весник „Нова Македонија“, на 28 октомври 1944 година.

Критичар на негирањата на македонската нација и заштитник на македонската национална самобитност

Според проф. д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја од Скопје, пред одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, посебно внимание заслужуваат ставовите во врска со посебниот македонски национален идентитет, изнесени од Мито Хаџивасилев-Јасмин во јуни 1944 година, заради нивната јасност и прецизност, но и со оглед на нивната општоприфатеност во рамки на македонското националноослободително движење и кај македонскиот народ. Со опсежна анализа и остроумна аргументација Мито Хаџивасилев ги подложува на критика негирањата на македонската нација и упатува на тоа дека главниот чинител за неможноста во минатото да се асимилираат Македонците е нивната национална осознаеност, односно поседувањето јасна македонска национална свест.

Ставовите на Мито Хаџивасилев-Јасмин претставуваат дотогаш најостра критика од македонското националноослободително движење на тезите за непостоењето на посебниот македонски национален индивидуалитет. „Јасно може да се увиди дека ослободителната платформа во поглед на афирмацијата на националниот идентитет  проектирала приоритетно место на ослободувањето од окупацијата, а потоа посериозни чекори на просветно политичко и културно поле за зацврстување и афирмација на македонскиот национален идентитет.“ – нагласува Александар Литовски.

Во негова чест во Македонија од 1969 година се доделува државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top