Македонија

Жителите на Љуботен го прашуваат Ахмети: Кога си нѐ посетил последен пат, или што направи ДУИ во селото додека бевте 20 години на власт?!

Непријатни прашања за Али Ахмети и неговата партија ДУИ, додека ја „тераат“ предизборната кампања, фалејќи се што сѐ „направиле“ за Албанците во Македонија

„Споменот за загинатите во Љуботен паѓа во заборав, бидејќи функционерите се задоволуваат само со еден ден, за да напишат објави на општествените мрежи. Жителите се враќаат во суровата реалност на секојдневието. Жителите го прашуваат и лидерот на ДУИ Али Ахмети: Кажи ни кога си нѐ посетил последен пат, или барем што има направено ДУИ во Љуботен додека беше 20 години на власт?!“ – ова го наведува ТВ Алсат во својата репортажа под наслов „Жителите на Љуботен и 24 години по конфликтот се соочуваат со недостиг од основни услови за живот“.

Покрај другото, натаму телевизијата наведува: Интересот на албанските политички партии, велат жителите, е толку мал, што кога се приближува 12 август, тие доаѓаат во селото и прашуваат каде се семејствата на жртвите. Не знаат кои сме, каде живееме. Остатокот од годината никој не тропа на нашата врата. Еден од оние, кои коментираа, дури и обвинувајќи кажа: „Сите овие злосторства ти ги премолче, Ахмети, добро знаеш зошто. Но, кажи ни, Ахмети, кога си ги посетил последен пат, или барем што има направено ДУИ во Љуботен?“

„Сега на 12 август ни се потсетува уште една работа – сè уште сме во мизерија. Кога ќе дојде 12 август, доаѓаат и ги бараат семејствата на загинатите, не знаат ни каде се ни кои се. Ни велат ‘Дојдете да направиме собир.’. Но, за што да правиме собир? Не треба грижа за сиромавиот само за еден ден.“ – вели еден жител на селото.

Исто така, љуботенци истакнуваат: „Не, никогаш не дошле – ниту ДУИ, ниту ДПА што беше тогаш… Не нè земаа под свое. Само кога ќе дојдат избори – тогаш дојди во Луботен, ќе правиме вака и така и се гледа што е направено. Еве со каква вода пијам – и тоа го плаќам на човек, за да ми ја донесе водата за да можам да живеам. Со политичките партии воопшто не сме задоволни – 600 куќи, нема капка вода. Немаме ли деца, немаме ли стари?“

Тие се жалат: „Жално е… еве што изградивме во селото – сè со наши пари, без никаква помош. Еве го оној ѕид таму и уште неколку работи. Без вода сме останати. Само ни велат – денес или утре ќе го направиме, а ништо нема. Не нè следат, ништо, ништо. Ако не нè помагаат, зошто да доаѓаат џабе? ДУИ беше 20 години на власт, слабо – воопшто не помогнале…“

„Политичарите ни ветуваат само преку фејсбук, а проекти нема. Мислат дека само со објави на општествените мрежи ќе се реализираат работите.“ – реагираат жителите на Љуботен. – објави ТВ Алсат.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top