Македонија

Возач во Кочани возел со 2.14 промили алкохол во крвтa

Веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а возилото е одземено

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

„ На 12.02.2026 во 15:59 часот на ул.„Тодосие Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Т.(31) од село Оризари, кочанско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,14 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а возилото е одземено, информираа од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

Лефков: Кога беше Заев премиер имавме министерство, кое наместо да ги лекува граѓаните, се грижело во Македонија да се одгледува марихуана!

„Уште колку пари му требаат на Заев, уште 100 илјади, двесте илјади денари, уште колку му требаат, за да можат јавноста и Македонија да ја дознаат вистината? Не може да бидете премиер и да имате министерство за здравство, кое наместо да се грижи за здравјето на луѓето, да имате ситуација во која луѓето се лекуваат со физиолошки раствор, а притоа истовремено да имате дадено повеќе од 70 лиценци за одгледување марихуана. Тие 70 лиценци значат огромен обен на административна работа. Значи, сте имале министерство кое наместо да ги лечи граѓаните, се грижело во Македонија да се одгледува марихуана. И тоа се факти. На кого ќе му поднесете тужба за ова и која е цената која ќе ја побарате? 100, 200, 5.000 евра ќе побарате ли?Катастрофално е да барате вакви работи и исто такви се оние, кои што ги советуваат на ова.“ – изјави пратеникот Миле Лефков во „Наткаст“ на порталот „Курир.мк’.

Ристовска вели дека работењето во ДКСК го извршувала законито, совесно и со најдобра намера

По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со мојата работа, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата“, образложи Ристовска во оставката

Најчевска: Проблематично е внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот!

Затоа што Бугарите (тие кои се перципираат себе како Бугари на територијата на Македонија како и официјалните ставови на Бугарската држава) не го признаваат постоењето на Македонскиот народ и македонскиот јазик

Најнови вести

To top