Македонија

Златев на Илинден ја заврши работата на целата историска комисија со Бугарија

Доволно е да се види кој ја слави и го живее нејзиниот идеал, а него го живееме само ние Македонците

Новинарот и уредник на Радио Лидер Љупчо Златев со еден пост на Илинден ја заврши работата на целата мешовита македонско – бугарска комисија за историја и образование.

 

,,Втори август е неработен ден во Македонија, државен празник кој за Македонците е поважен и од 8-ми Септември. Скоро и да нема град или село каде што нема прослава. Откако паметам за себе, паметам за Илинден.

2-ри август е најобичен ден во Бугарија. Не е неработен ден, не е државен празник и никогаш никој масовно не го прославувал, освен онаму каде што живееле македонци, додека имале право да се идентификуваат како такви. Илинден за бугарите не значи буквално ништо…

Зарем некому му е потребна историска комисија за да се види на кого му припаѓа Македонската револуционерна организација? Доволно е да се види кој ја слави и го живее нејзиниот идеал, а него го живееме само ние македонците!

Нека ни е за многу години!”, пишува Златев за традицијата која докажува кој како го чувствува Илинден и кој е историски и реално поврзан со епопејата на Илинденците кои се бореле и за кратко успеале да создадат независна македонска држава.

 

Во Бугарија Илинденското односно како што таму го нарекуваат Преображенското востание се одбележува на 20 Јули со скромни пораки и само во контекст на заедничка историја со Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top