Македонија

Зошто македонското знаме во Мала Речица предизвика ,,вознемир” во Атина

Анализата на грчката информативна агенција за македонското знаме во седиштето на ДУИ во Мала Речица укажува на две важни работи

Едната е дека истакнувањето на македонскиот државен симбол кој 35 години беше игнориран е почеток на нова ера во македонските политички односи.

Втората е дека Грција со внимание следи што се случува со земјата со која долго време беше во конфликт и за која се плашеше или навиваше дека може да дојде до доминација на немакедонците.

Да не заборавиме, во периодот кога македонската влада на СДСМ и ДУИ практично ја раководеше Али Ахмети, човекот кој сега го истакнува македонското знаме и неговите соработници, во име на Македонија одеа во Атина на средби за кои јавноста се уште не знае што точно се говорело.

Во Атина македонското знаме во штабот на Ахмети може да се доживее со олеснување или со горчина.

Со олеснување доколку стратезите во Атина се уште сметаат дека преголемото албанско влијание во Македонија паралелно со Турската економска офанзива во Западниот Балкан може да ја отсече Грција од Коридорот 10.

Со горчина доколку се уште сметаат дека Македонците им се непријатели и нивното засилување во рамки на државата Македонија е закана за Грција.

Ако Грција е заинтересирана за добри односи со Македонците како и да ги нарекува, треба да биде среќна од тоа што конечно во земјава е постигнат некаков баланс во однос на државното знаме и генерално во меѓуетничките односи.

Се разбира овој процес не е завршен но сега за прв пат има шанса тој да успее.

За македонското знаме засега се молчи во Тирана каде се создаваше Тиранската платформа, во Белград каде традиционално се среќни што во Скопје контролата ја има македонска партија и во Софија каде речиси јавно се калкулира со поделба на Македонија на македонски и албански дел.

Потегот на Ахмети не треба да се гледа како предавство на Албанците туку како логично финале на етнополитичката фаза на градење на македонската државата и симболичен крај на конфликтот од 2001 година.

Ова, според многумина, е удар и за Софија, затоа што картата на етнички судир по кој Бугарија повторно ќе ја администрира Македонија до Групчин веќе нема вредност.

Да се соседите умни како Ахмети, македонското знаме сега во знак на пријателство и нов почеток би требало да биде кренато во сите балкански градови соседи на Македонија.

Сите тие имаат и ќе имаат интерес од стабилна Македонија со која ќе соработуваат и ќе создаваат финансиски профит.

А не како досега ситни политички поени кои ја трујат атмосферата на Балканот како пред и по Букурешкиот мировен договор.

Уреднички коментар на expres.mk по анализата на грчката агенција ИБНА

Македонското знаме до Ахмети е многу повеќе од обично додворување на ДУИ кон Мицкоски

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Најнови вести

To top