Македонија

Зошто расте бројот на прекршоци уловени со „Безбеден град“?!

Најголем дел од нив, повеќе од 25 илјади, се за брзо возење, додека значително помал број се за нерегистрирани возила и минување на црвено светло. Споредбено со минатиот месец во март, се пишани седум илјади повеќе прекршоци отколку во февруари. Пролетта, на улица ги враќа и моторџиите.

Внимавајте, се снима. Камерите во март регистрирале над 7 илјади прекршоци повеќе од февруари. Во исто време, поднесените приговори до судот бележат намалување, особено кај правниците лица, кои во почетокот од функционирањето на системот имаа проблем со возилата на лизинг и возилата што не се одјавени во МВР. Граѓаните велат, подобрување има, но сообраќајната култура сè уште не е на потребното ниво.

Побезбедно во сообраќајот, но движењето од еден до друг крај на Скопје сега е поспоро бидејќи правилата и ограничувањето од 50 километри на час мора да се почитуваат. По вториот месец на активна примена на Безбеден град, граѓаните ги гледаат позитивните промени во скопскиот сообраќај, но имаат и предлози како да се намали гужвата.

  • „Јас би направила како што беше порано. Парни броеви во еден ден, а непарни во друг ден бидејќи се создава многу голема гужва и за пешаци и за возачите“, вели граѓанка.
  • „Добро е сега. Побезбедно е“, заклучува жител.
  • „Младите не почитуваат ни камери ни казни. Пак има некои со јаки коли кои поминуваат на црвено светло“, смета граѓанин.

Експертите оценуваат дека безбеден град дава резултати, но советуваат дека е потребно вистински да профункционира јавниот превоз и повеќе да се користат велосипеди. Најголем дел од прекршоците се однесуваат на брзо возење.

Системот безбеден град почна да функционира на 1 февруари во Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10, со тоа официјално почна и санкционирањето на граѓаните коишто направиле прекршок детектиран од камерите на „Безбеден град“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top