Регион

250.000 демонстранти излегоа на улиците на Тирана

Во Тирана синоќа се оддржа 21-от протест против проектот „Зврнец“, кој според организаторите бил најмасовен досега

Во Тирана синоќа се оддржа 21-от протест против проектот „Зврнец“, кој според организаторите бил најмасовен досега. На собирот учествувале и Албанци од соседните земји, како и претставници на дијаспората од западноевропските земји и од САД.

Според слободни процени, на протестот присуствувале околу 250.000 граѓани. Тие повторно побараа оставка од премиерот Еди Рама, запирање на проектите во Зврнец и во Сазан, како и поништување на законот од 2024 година со кој се овозможува градба во заштитени подрачја и на законот за стратешки инвеститори.

Демонстрантите најпрво се собраа на плоштадот „Скендербег“, по што маршираа кон зградата на Владата, каде што неколку граѓани се обратија пред насобраните.

По повеќе од два часа говори, учесниците го продолжија маршот околу владината зграда, низ центарот на градот и покрај познатиот објект „Пирамида“.

Мал дел од демонстрантите ја поминаа ноќта пред Владата, испраќајќи порака и до премиерот Еди Рама и до опозицискиот лидер Сали Бериша дека треба да заминат од политичката сцена.

Учесниците предупредија дека протестите може да се радикализираат доколку нивните барања не бидат исполнети.

 

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top