Регион

Агент на Иранската револуционерна гарда уапсен во Котор

Според соопштението на црногорската полиција, Барати е високопрофилна цел во областа на сајбер и организираниот криминал.

Во заедничка акција на црногорската полиција и американското ФБИ, во Котор е уапсен Амир Барати (39), припадник на Иранската револуционерна гарда, кого Соединетите Американски Држави го обвинуваат за масовни хакерски напади.

Според соопштението на црногорската полиција, Барати е високопрофилна цел во областа на сајбер и организираниот криминал. Тој е обвинет за заговор за извршување компјутерска измама, компјутерско хакирање и кражба на идентитет.

Од 2013 година, како соработник на правно лице од Иран, тој наводно извршил масовни хакерски напади врз инфраструктурата на САД и повеќе од 150 американски универзитети, предизвикувајќи штета проценета на над 3,4 милијарди американски долари.

Украдените податоци и пристапот до компромитираните универзитетски сметки биле користени од страна на Иранската револуционерна гарда и други ирански корисници.

Уапсениот Амир Барати (државјанин на Турција и Иран) ќе биде изведен пред истражниот судија на Вишиот суд во Подгорица, по што следува постапка за неговата екстрадиција во Соединетите Американски Држави.


10 предлог наслови:

Најнови вести од: Регион

To top