Регион

Албанија на нозе – се бара оставка од премиерот Еди Рама и неговата влада

Протестите започнаа поради контроверзниот проект за изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со Џаред Кушнер, зетот на претседателот на САД Доналд Трамп

По неколку последователни недели протести против изградбата на луксузен ресорт во еколошки заштитена зона на албанското крајбрежје, зад кои стои зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер, вчера демонстрантите побараа оставка на премиерот Еди Рама и неговата влада.

Организаторите на протестот вчера објавија детална листа на барања упатени до Владата, барајќи оставка на премиерот Еди Рама, формирање техничка влада и уставни реформи, објави „Албаниан пост“.

Протестите се случуваат во време кога Албанија се надева да ја заврши првата фаза од пристапните преговори со ЕУ.

Главното барање е „безусловна оставка на премиерот и на владата“, придружена со формирање непартиска преодна влада со мандат од 12 месеци.
Тие побарааа и уставни измени за да се обезбеди еднаквост на граѓаните пред законот, при што измените би се усвоиле преку народен референдум.

Меѓу предлозите е и ограничување на мандатот на премиерот, со што би му биле дозволени најмногу два мандата во текот на животот.

Организаторите исто така повикаа на укинување или поништување на низа законски иницијативи, меѓу кои измените на Законот за заштитени подрачја, Законот за културно наследство, пакетот познат како „Планински пакет“ и правната рамка што ги регулира стратешките инвестиции.

Протестите започнаа поради контроверзниот проект за изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со Џаред Кушнер, зетот на претседателот на САД Доналд Трамп.

Во меѓувреме, движењето ги прошири барањата и почна да се претставува како поширока граѓанска иницијатива за политички и институционални промени во земјата.

Дел од учесниците предупредуваат и на ниските плати, високите животни трошоци и иселувањето на населението, за што ја обвинуваат актуелната власт.

Покрај протестите во Албанија, собири на поддршка се организираат и меѓу албанската дијаспора во САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Шведска и во Австралија.

Организаторите велат дека „Фламинго револуцијата“ ќе продолжи сè додека не се отвори процес за политички промени и за нов општествен договор меѓу државата и граѓаните.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top