Регион

Албанија набави оружје кое го сопре првиот руски налет во Украина

Албанија го набави системот преку американската програма за продажба на воена опрема во странство (Foreign Military Sales). Оваа инвестиција е дел од долгорочната стратегија за модернизација на армијата и целосно усогласување со доктрината на НАТО.

Албанското Министерство за одбрана денес објави дека армијата на земјата официјално е опремена со противтенковски ракетен систем Javelin, еден од најнапредните одбранбени системи во употреба кај земјите членки на НАТО.

Министерот за одбрана Пиро Венгу истакна дека пристигнувањето на „Javelin“ е резултат на тесната соработка со стратешкиот сојузник, Соединетите Американски Држави, и претставува значаен чекор во модернизацијата на вооружените сили.

Според Венгу, системот значително ги зајакнува одбранбените капацитети на Албанија, ја зголемува способноста за одвраќање, ја подобрува интероперабилноста со НАТО и директно придонесува за националната безбедност. „Javelin“ е клучен елемент за копнената одбрана и овозможува поефикасно соочување со современи закани, во согласност со стандардите на Алијансата.

Албанија го набави системот преку американската програма за продажба на воена опрема во странство (Foreign Military Sales). Оваа инвестиција е дел од долгорочната стратегија за модернизација на армијата и целосно усогласување со доктрината на НАТО.

„Javelin“ е пренослив противтенковски систем од најнова генерација, кој функционира по принципот „испукај и заборави“. Тој овозможува пешадијата од засолниште да погоди оклопно возило, особено од горната, послабо заштитена страна, и веднаш да ја смени позицијата.

Системот е широко користен од армиите на НАТО и стекна меѓународна препознатливост за време на почетната фаза од руската инвазија врз Украина во 2022 година, кога заедно со британските NLAW одигра клучна улога во запирањето на руските оклопни колони кон Киев.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top