Регион

Албин Курти повторно избран за премиер на Косово

Собранието на Косово денеска со 62 гласа по четврти пат го избра Албин Курти за премиер на Косово. Против гласаа пратениците на Српската листа

Собранието на Косово денеска со 62 гласа по четврти пат го избра Албин Курти за премиер на Косово. Против гласаа пратениците на Српската листа, а на оваа седница отсуствуваа пратениците од Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднина на Косово.

Последните две партии најавија дека ќе се обратат до Уставниот суд во врска со процесот на избор на потпретседателите на Собранието.

Откако Курти ја претстави програмата на новата Влада, речиси идентична со онаа на претходната од февруари годинава, со гласање за прв заменик-премиер и министер за надворешни работи и дијаспора беше избран Глаук Конјуфца, втора заменик-премиерка и министерка за правда е Доника Гервала, додека трет заменик-премиер за прашања на малцинствата и соработка е Фикрим Дамка.

Хекуран Мурати беше избран за министер за финансии, за министер за труд, семејство и вредности на ослободителната војна беше избран Андин Хоти, додека за министер за одбрана беше избран Ејуп Маќедонци.

За министер за внатрешни работи беше избран Џељаљ Свечља, министер за јавна администрација и дигитализација е Љуљзон Јагџиу, а министер за здравство е Арбен Витиа.

За министер за образование и наука беше избран Хајрула Чеку, министерка за култура и туризам е Саранда Богујевци, а министер за спорт и млади е Блерим Гашани.

За министер за администрација на локалната самоуправа беше избран Ељберт Красниќи, министерка за животна средина и просторно планирање е Фиторе Пацоли, а министер за земјоделство, шумарство и рурален развој е Арменд Муја.

Министер за инфраструктура и сообраќај е Димал Баша, министерка за индустрија, претприемништво, трговија и иновации е Мимоза Кусари-Лила, министерка за економија е Артане Ризваноли, министер за заедници и враќање е Ненад Рашиќ, а министер за регионален развој е Расим Демири.

Најнови вести од: Регион

За грчки пратеник Скопје е непостоечка држава населена со Албанци и Бугари (ВИДЕО)

Во видеото монтира и карта на која територијата на Македонија е означена како „Вардарска“, како и натписот „Бугарско-албанска“, со што се оспоруваат македонскиот национален идентитет и државноста

Куп нови правила за летање со авион во ЕУ од 2027 – Што сè се менува?!

ЕУ ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Од овие промени корист треба да имаат семејствата и лицата со попреченост. Но, во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања на условите.

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

Божиновска на министерски самит за енергетика во Белград

Средбата на која со свои делегации ќе бидат и министрите за енергетика на Србија, Грција и Бугарија, е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај годинава, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат веќе да се гледаат само како национални, туку и како заеднички регионални приоритети

To top