Регион

Бугарија истата „шема“ од Македонија пробува да ја пренесе и во Србија

Жителите на овие општини повеќе нема да патуваат до Ниш или Белград за бугарски документи

Бугарија ќе отвори конзуларни пунктови и ќе организира прием на барања за бугарски лични документи во Босилеград и Димитровград – општините во Србија каде живее најголемиот дел од бугарската заедница.

Со оваа одлука, жителите на Босилеград, Димитровград и околните места повеќе нема да мораат да патуваат до Ниш или Белград за да поднесуваат барања за бугарски пасоши и лични карти. За оние кои веќе имаат бугарско државјанство, административната постапка станува значително поедноставна.

Потегот има и пошироко политичко значење. Во последните години Софија систематски инвестира во зајакнување на врските со бугарската заедница во источна Србија преку образование, културни програми, инфраструктурни проекти и конзуларни услуги.

Според пописот од 2022 година, во Србија живеат околу 13.000 лица кои се изјасниле како Бугари, со најголема концентрација токму во Босилеград и Димитровград. Бугариското државјанство, а со тоа и бугарскиот пасош, носи и статус на граѓанин на Европската Унија, што овозможува слободно движење, работа и престој во сите земји-членки на ЕУ. Ова претставува силен мотив за жителите од економски неразвиениот пограничен регион.

Во Македонија оваа практика е добро позната. Се поставува прашањето дали Бугарија ја користи политиката на државјанство само како инструмент за одржување на врските со заедниците што ги смета за дел од бугарскиот национален корпус или и за привлекување „државјани од економски интерес“.

Во случајот со Србија, засега, ова не предизвикува поголеми политички тензии, бидејќи станува збор за признато бугарско национално малцинство. Сепак, моделот повторно ја отвора дебатата за тоа како Софија ја комбинира конзуларната политика со своите пошироки национални интереси на Балканот.

Најнови вести од: Регион

Куп нови правила за летање со авион во ЕУ од 2027 – Што сè се менува?!

ЕУ ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Од овие промени корист треба да имаат семејствата и лицата со попреченост. Но, во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања на условите.

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

Божиновска на министерски самит за енергетика во Белград

Средбата на која со свои делегации ќе бидат и министрите за енергетика на Србија, Грција и Бугарија, е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај годинава, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат веќе да се гледаат само како национални, туку и како заеднички регионални приоритети

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

To top