Регион

Бугарија под закана од ЕУ санкции поради огромниот дефицит

Румен Радев предупреди дека земјата ќе мора да преземе болни мерки за да го намали буџетскиот дефицит

Само неколку месеци по приклучувањето кон Еврозоната, Бугарија се наоѓа под закана од европски санкции. Новиот премиер Румен Радев предупреди дека земјата ќе мора да преземе болни мерки за да го намали буџетскиот дефицит.

Тој ја обвини претходната власт дека зад себе оставила сериозни финансиски проблеми.

Според него, Европската комисија на 3 јуни ќе го објави извештајот што може да ја активира постапката за прекумерен дефицит. Тоа би значело засилен надзор врз буџетската политика на Софија и можни финансиски последици.

Според правилата на Европската Унија, буџетскиот дефицит не смее да надмине 3 проценти од бруто-домашниот производ. Минатата година бугарскиот дефицит достигнал 3,5 проценти.

Доколку Софија не успее да ја врати потрошувачката во дозволените рамки, Брисел може да замрзне дел од европското финансирање. Во краен случај, предвидени се и финансиски казни.

Радев оцени дека актуелната состојба е резултат на години лошо управување со јавните финансии. Тој ја обвини претходната проевропска влада на Росен Жељазков за неодговорно трошење и прикривање на вистинската состојба во буџетот.

– Сега доаѓа време за тешки прашања и Европската комисија ќе нè праша зошто некои луѓе ја излажаа – изјави Радев.

Тој најави дека владата ќе бара одговорност за сите злоупотреби и дека ќе се обиде постепено да ги стабилизира јавните финансии.

Тешка задача за новата влада

Радев предупреди дека стабилизирањето на буџетот нема да биде лесна задача. Според него, ќе бидат потребни години за државните финансии повторно да се вратат во нормални рамки.

Бугарската влада сега се соочува со предизвик да го намали дефицитот без дополнителен удар врз економијата, во период кога земјата штотуку се приклучи кон заедничката европска валута.

Најнови вести од: Регион

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top