Регион

„Булгаргас“ пред банкрот – должи стотици милиони евра на турски „БОТАС“ за гас што не го користи

На почетокот на 2023 година, преодната влада назначена од тогашниот претседател Румен Радев потпиша договор помеѓу „Булгаргас“ и БОТАС со кој се овозможува долгорочен пристап до терминалите за ЛНГ на Турција и мрежата за пренос на гас до крајот на 2035 година. Договорот има резервиран капацитет од околу 1,3 милијарди кубни метри годишно. Според условите на договорот, Бугарија плаќа приближно 500.000 евра дневно за резервираниот капацитет, без оглед на тоа дали го користи.

Бугарскиот државен снабдувач со гас „Булгаргас“  практично е во банкрот поради неповолните пазарни услови и договорните аранжмани со турската државна енергетска компанија БОТАС кои не ги користи, изјави новоназначениот министер за енергетика, Трајчо Трајков за Бугарското национално радио. Тој реле дека единствена причина зошто не се затвора веднаш компанијата и не се основа  нов „Булгаргас“ или не се спроведува некаков друг вид реструктуирање е тоа што таа е потписник на договорот за снабдување со гас со Азербејџан, кој во моментов е доста профитабилен за Бугарија.

  • Затоа мора да го искористиме максималниот капацитет – рече Трајков.

Само пред четири години, „Булгаргас“ беше меѓу најпрофитабилните државни претпријатија, откако рускиот „Газпром“ еднострано ги прекина испораките на гас за Бугарија. Компанијата реагираше брзо со обезбедување испораки на течен природен гас (ЛНГ) за домашниот пазар, додека долгорочниот договор за гасовод со Азербејџан стапи на сила. Трајков потврди дека Бугарија не врши плаќања според договорот со БОТАС, туку наместо тоа натрупува обврски.

  • Тоа е ризик што не можам да го проценам во овој момент – рече тој, додавајќи дека планира да се сретне со своите турски колеги за да „стави сè на маса“.

На почетокот на 2023 година, преодната влада назначена од тогашниот претседател Румен Радев потпиша договор помеѓу „Булгаргас“ и БОТАС со кој се овозможува долгорочен пристап до терминалите за ЛНГ на Турција и мрежата за пренос на гас до крајот на 2035 година. Договорот има резервиран капацитет од околу 1,3 милијарди кубни метри годишно. Според условите на договорот, Бугарија плаќа приближно 500.000 евра дневно за резервираниот капацитет, без оглед на тоа дали го користи. Ова значи околу 180 милиони евра фиксни годишни трошоци. Досега, „Булгаргас“ не го користел овој капацитет, со што акумулирал долг по принципот „земи или плати“.

Во текот на 2024 година, компанијата забележа загуба од 130 милиони евра, и покрај другите профитабилни договори и речиси монополската позиција на бугарскиот пазар на гас.

  • Сите се прашуваат како овој договор со БОТАС, кој е целосно неповолен за Бугарија, може да се трансформира во поприфатлив аранжман. Имам одредени идеи, но ми требаат факти, разговори и придонес од повеќе луѓе – рече Трајков.

Во исто време, договорот е под истрага на обвинителството веќе два години, без видливи резултати.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top