Регион

Дали Грција летово ќе зема биометриски податоци на граница?!

Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки и за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со регулативата, објасни портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите.

epa08520646 A view of cars going through the 'Evzoni' border crossing between North Macedonia and Greece, near the southern city of Gevgelija, North Macedonia, 01 July. Greece reopened the Evzoni border crossing with North Macedonia to EU citizens and from 14 other countries which are on a list approved by EU authorities. All travelers arriving to Greece are required to fill a Passenger Locator Form (PLF) at least 48 hours before check-in. The form is part of the country's planning for protection against the coronavirus disease (COVID-19) pandemic and will allow authorities to create barcodes for travelers so that testing of new arrivals can be targeted. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Регулативата ЕЕС им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуални притисоци на граничните премини, а Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки и за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со регулативата, објасни портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на редовен брифинг со новинарите, во однос на тоа дали постои размислување во Владата за евентуално одложување на имплементацијата и за државјани од балканските земји, како што беше случај со британските туристи.

Целосната имплементација на системот со биометриска контрола на патниците, создаде проблеми и редици и на граничниот премин Евзони-Богородица за влез во Грција, а пред две седмици реагираа и од Унијата на полицајци од Килкис, кои преку соопштение рекоа дека е „срамно и неприфатливо она што се случува на граничните премини поради ЕЕ системот“.

Портпаролот на грчката Влада денеска рече дека според надлежните служби на полицијата „системот за влез и излез се имплементира од 12 октомври 2025 година на сите гранични пунктови во земјата, вкупно 99“.

  • Функционирањето на конкретниот систем создаде разни предизвици во сите земји-членки на Европската Унија, како и во нашата земја, што се должат на различни причини, како на пример објектната инфраструктура, доволен број вработени. Регулативата ЕЕС (Entry/Exit system) им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуалните зголемени притисоци на граничните премини. Во истиот контекст, Грција ќе ја оценува состојбата на поединечните гранични пунктови за влез и излез и ќе ја преземе соодветната мерка предвидена од горенаведената регулатива со цел од една страна да се опслужува зголемениот број патници, а од друга страна да сме усогласени со правилата и барањата на регулативата – објасни Маринакис.

Пред десет дена од грчката полиција соопштија дека „Грција успешно го започна целосното функционирање на Системот за влез-излез (Entry-Exit System), со регистрација на државјани на трети земји“.

  • Грција ги презема сите неопходни мерки за управување со зголемениот патнички сообраќај на граничните премини, во рамките на Регулативата (ЕУ) 2017/2226 – соопштија од грчката полиција на 20 април.

Минатата седмица туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година, а ослободување од ЕЕС-проверки при патување во Грција во текот на летните одмори побара и Националното здружение на туристичките агенции на Србија (ЈУТА).

Најнови вести од: Регион

Другарот на Заев, Ципрас се враќа во политиката со нова партија

Грчките медиуми пишуваат дека Ципрас во изминатите денови објавил видео-пораки од свои поддржувачи на социјалните мрежи, кои го повикуваат да се врати во активна политика, со пораки дека „во март било рано“, а „во септември ќе биде доцна“.

Криминална афера во Белград: Поранешен полициски шеф осомничен за убиство

Десет лица, меѓу кои и поранешниот началник на белградската полиција Веселин Веско Милиќ, се уапсени во врска со исчезнувањето на Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој исчезна на 12 мај.

Премиерот Румен Радев со црвен тепих ќе ја пречека победничката на Евровизија во Софија

„Bangaranga“ не победи тесно и случајно. Официјалните податоци покажуваат дека песната завршила со 173 поени предност пред второпласираниот Израел, што Eurovision го бележи како најголема победничка разлика во историјата на натпреварот. На второто место се најде Ноам Бетан од Израел со „Michelle“, а трета беше Романија со Александра Кепитенеску и „Choke Me“.

Која е всушност Дара Јотова, пејачката што победи на Евровизија?!

Дара е родена во Варна, третиот по големина бугарски град на брегот на Црното Море, каде што дипломирала на Националното училиште за уметност. Почнала да пее како девојче, прво изведувајќи традиционална бугарска народна музика, а подоцна се свртела кон модерната поп музика.

(Видео): Бугарија победи на Евровизија 2026-та, в година Софија домаќин на спектаклот

Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното европско музичко натпреварување, но сложената кореографија и заразниот рефрен на „Бангаранга“ ѝ ја донесоа првата победа на крајот. Најдобриот резултат на Бугарија досега беше второто место во 2017.

To top