Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост во спомен на оние што ги загубија животите во несреќите на автопатот „Тракија“.
Двете тешки сообраќајни несреќи се случија вчера околу 7:00 часот наутро.
Загинаа единаесет лица, а 51 лице се повредени; тие моментално се на лекување во болниците во Јамбол, Сливен и Бургас.
Сообраќајот на автопатот „Тракија“, помеѓу јазлите „Зимница“ и „Кабиле“ во близина на Јамбол, остана во прекин до доцна во вечерните часови, пренесува БТА.
Истрагата е доверена на Националната истражна служба (НИС), соопшти нејзиниот вршител на должност директор, Маријан Маринов.
„Маглата беше фактор што придонесе за несреќите – таа ја намали видливоста на нивоа споредливи со ноќните услови. Отсега натаму, причините ќе се анализираат преку сеопфатна истрага, а вештачењата ќе ја утврдат прецизната причина за првичниот удар. Тоа ќе биде одлучувачкиот фактор“, изјави Маринов.