Регион

Додик најавува референдум за независност на Република Српска

Доколку не се постигне траен политички договор во БиХ

Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, денеска објави дека референдум за независност на Република Српска (РС) ќе се одржи до крајот на годината, доколку не се постигне траен политички договор во Босна и Херцеговина (БиХ).

-Не бараме конфликти, туку слобода и почитување, што се постигнува преку референдум и усвојување на Декларацијата за самоопределување. Тоа е нашата порака – вратете нè на Дејтонскиот мировен договор. Ќе го дадеме нашето мислење на референдумот што ќе се одржи на крајот на септември, рече Додик на прес-конференција во Бања Лука.

Потоа, како што изјави, граѓаните на РС треба да го искажат своето мислење за пресудата на Судот на БиХ против него, а доколку дури и потоа нема политички договор на ниво на БиХ и „враќање кон Дејтонскиот договор“, во рок од 90 дена ќе биде распишан референдум за независност на РС.

Тој оцени дека БиХ е „непостоечка држава, исто како што е непостоечки Дејтонскиот договор, за кој рече дека е уништен“.

-За нас, БиХ е непостоечка држава, Дејтонскиот договор е непостоечки, бидејќи е уништен, тоа е измама и нема повеќе разговори за ова прашање, рече Додик на прес-конференција во Бања Лука.

Според него, Дејтонскиот договор е уништен од бошњачката страна, „преку злоупотреба на неуставниот Суд на БиХ, Обвинителството, како и преку притисок и покорност на голем број луѓе од РС, кои дојдоа на позиција да ја елиминираат позицијата на РС со квази-судска одлука“.

Ова, оцени тој, „го поништи целиот Дејтонски мировен договор, без можност за негово повторно потврдување“.

Додик оцени дека РС направила грешка кога го потпишала Дејтонскиот мировен договор, наведувајќи дека тоа е „заблуда“ на српскиот народ.

-Дејтонскиот договор е уништен. Бошњаците веруваат дека Дејтонскиот договор е лудачка кошула што треба да се отстрани, рече претседателот на РС.

Тој нагласи дека РС треба да го отфрли високиот претставник во БиХ, кого го нарече „најголемата измама“, како и Советот за спроведување на мирот (ПИК), кого го нарече „ад хок“ група.

-Отфрлете ги одлуките на лажниот висок претставник и можеме да се вратиме на разговорот. БиХ сега е под окупација, рече Додик, наведувајќи дека ставот на новата американска администрација е исто така дека земјите треба сами да одлучат за својата судбина.

Тој нагласи дека нема да се повлече од политичката сцена, дека не ја прифаќа пресудата на Судот на БиХ против него, која ја нарече „пресуда против Република Српска“.

-Се обраќам до народот на РС, не ме бранете мене, бранете ја Република Српска, рече Додик.

Тој исто така рече дека нема да има предвремени избори за претседател на РС ако Судот на БиХ ја потврди одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) да му го одземе претседателскиот мандат поради пресудата, додавајќи дека РС ќе се спротивстави на каква било надворешна интервенција доколку има обиди за одржување на овие избори.

Тој го повика ЕУФОР да се распореди на граничната линија меѓу ентитетите доколку има инциденти.

-Се ставам на чело на националното и народно движење за ослободување на РС од БиХ, заклучи Додик.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top