Регион

Морето исфрли 40 килограми хашиш на грчки остров

Дрогата била спакувана во затворена корпа од слама а уличната вредност се проценува на 320.000 евра

Повеќе од 40 килограми хашиш со улична вредност од 320.000 евра се пронајдени исфрлени на брегот на плажа на југоисточниот остров Родос, соопштија властите.

Откритието е направено во петокот во Плимири во близина на Линдос, се вели во соопштението на крајбрежната стража, јави Катимерини

Во него се вели дека дрогата била спакувана во затворена корпа од слама и тежела вкупно 42,8 килограми.

Властите на Родос сега ги следат плажите за повеќе пакети хашиш.

Сè уште не е јасно од каде потекнува дрогата пронајдена во Плимири.

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

Најнови вести

To top