Регион

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во Грција

Инвестиција од 5,8 милијарди евра во близина на Кожани

Еден од најголемите центри за податоци во Европа ќе биде изграден на локацијата на рудници за лигнит во близина на градот Кожани, северна Грција, јави Блумберг. Инвестицијата ја планира грчката национална компанија за електрична енергија ДЕИ, а нејзината вредност се проценува на 5,8 милијарди евра. Целта е рударењето лигнит да се замени со технолошки центар и производство на чиста енергија.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис политички инвестираше во ревитализацијата на Кожани и целиот регион. Покрај очекувањата на еден од најсиромашните региони во Грција, проектот е поврзан и со реорганизацијата на ДЕИ, во која грчката држава останува главен акционер, но која оваа година собра и капитал на берзите.

Локалните жители се жалат дека откако владата објави крај на производството на електрична енергија од лигнит во 2019 година, работните места потребни за ограничување на последиците од транзицијата сѐ уште не се создадени. Малку од преостанатото производство на јаглен е наменето за последната оперативна електрана Птолемаис 5, која треба да престане да користи лигнит до крајот на годината.

За време на посетата на регионот минатиот месец, премиерот Мицотакис рече дека таму ќе се создадат повеќе и подобро платени работни места, ветувајќи дека владата ќе „мобилизира сите расположиви европски ресурси“ за да го поддржи тој регион во оваа „тешка транзиција“.

Компанијата планира да изгради центар за податоци од 300 мегавати во Кожани до крајот на 2028 година, паралелно со изградбата на проекти за зелена енергија во областа. До 2031 година капацитетот би можел да порасне на еден гигават. Преговорите веќе се во тек со „хиперскалерите“, односно големите меѓународни даватели на облак-услуги и дигитални услуги, за да се најде компанија што ќе го изнајми центарот за податоци.

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top