По зачестените напади со беспилотни летала во близина на територијалните води на Бугарија, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе ја посети Бугарија.
Бугарија бара од ЕУ отштета од две милијарди евра за нападите во Црно Море
Таа повика на прекин на огнот во Црното Море и најави дека Европската комисија насочува 50 милиони евра наменски средства кон Црноморскиот центар за поморска безбедност. Фон дер Лајен ја даде оваа изјава од Букурешт, каде што престојуваше во посета. Ова е дел од турнејата низ земјите од црноморскиот регион, во која е вклучена и Турција.
Бугарија и Романија можат да сметаат на силен европски одговор на растечките закани.
Денеска, претседателката на Европската комисија ќе се сретне со бугарскиот премиер Румен Радев во Варна.
Покрај Бугарија, турнејата на Фон дер Лајен ја вклучува вчерашната посета на Романија, и следната – на Турција.