Регион

Нема да се помириме со порастот на цените и замрзнатите плати

Планирани се протестни собири на повеќе од 70 локации

Вработени во јавниот сектор, поморци и десетици синдикати организираат 24-часовен штрајк, додека штрајкот на персоналот во воздухопловството доведе до откажувања на летови на 15 регионални аеродроми

Штрајк на национално ниво, организиран од најголемиот синдикат во грчкиот јавен сектор, ADEDY, како и од десетици други синдикати и работнички организации низ земјата, денеска (среда) предизвикува прекини во транспортните услуги.

Планирани се протестни собири на повеќе од 70 локации.

Синдикатот ADEDY повика на 24-часовен штрајк во целиот јавен сектор, барајќи мерки за решавање на, како што ги нарекуваат, растечките економски, работнички и социјални проблеми.

„Се бориме за значително зголемување на платите, кое ќе го надомести губењето на нашата куповна моќ“, изјавија од ADEDY. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати, енергетска сиромаштија, ниту пак катастрофалната состојба во јавното здравство и образованието“, додадоа тие.

Грција, една од најзадолжените земји во еврозоната, се опорави од финансискиот колапс кој – меѓу другото – доведе до намалување на платите во замена за пакети за финансиска помош во вредност од приближно 280 милијарди евра.

Иако во последните години платите се зголемија, а даноците се намалија, многу домаќинства сè уште тешко се справуваат со наглиот пораст на кириите и трошоците за живот – ситуација која дополнително се влошува поради повисоките цени на храната и енергенсите, што е последица на војните во Украина и на Блискиот Исток.

Главниот собир во Атина е закажан за 10:30 часот пред Универзитетот во Атина, на улицата „Панепистимиу“, додека во Солун ќе се одржи протест кај споменикот на Венизелос, во близина на плоштадот „Аристотелис“.

Работниците бараат значително зголемување на платите и поголеми финансиски средства за здравството и образованието, враќање на 13-тата и 14-тата плата за вработените во јавниот сектор, признавање на целиот претходен работен стаж, како и трајни вработувања со целосни права од работен и социјален однос. Меѓу нивните барања се и намалување на цените на електричната енергија и горивата, ограничување на цените и намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за основните производи.

Најнови вести од: Регион

Врачарскиот клан се закани дека ќе го убие Александар Вучиќ!

Шефот на пратеничката група „Србија победува“ Александар Вучиќ денес изјави дека Врачарскиот клан му испратил најсериозни закани со смрт и додаде оти нема на кого да го пријави тоа бидејќи, како што вели, „полицијата е преземена од улицата и од Студентската листа“.

Уапсените за подготвување атентати во Грција се поврзани со косовската УЧК?! – Еден од нив ја нападнал полициската станица кај Гошинце во 2015!

Членови на мрежата, поврзана со Иран, што ја разбија разузнавачките служби на Македонија и Грција, за која се верува дека подготвувала атентат врз грчки бизнисмен од иранско потекло, во минатото биле поврзани со Ослободителната војска на Косово, тврдат извори на грчкиот весник „Катимерини“.

To top