Регион

(Фото): На улиците во Нови Сад имало повеќе луѓе отколку што градот имал во 1990-тите

Пред една година на денешен ден во Нови Сад, 16 лица загинаа, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна настрешницата на реновираната железничка станица. Една година подоцна, кривичната одговорност за тој настан се уште не е утврдена.

Мирно и без какви било инциденти помина денешниот комеморативен собир во Нови Сад на годишнината од загинувањето на 16 луѓе по пад на  бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад. На собирот беа илјадници луѓе од цела Србија. Во текот на целиот ден, во сите протестни зони во Нови Сад владееше тишина, без слогани. Студентите во блокада по 16-минутната тишина и вечерва објавија дека комеморативниот собир е завршен и упатија порака;

  • „Се гледаме утре и секој друг ден додека не се задоволи правдата“. „За време на пикот на ненајавениот собир, на подрачјето на градот Нови Сад, од 11:52 до 12:08 часот, присутни беа околу 39.000 граѓани, кои пристигнаа во Нови Сад од цела Србија“, соопшти МВР на Србија.

Српските медиуми се поделени во известувањето за собирот. На социјалните мрежи се лицитира со бројката од 160.000 граѓани. Новинарот од Нови Сад, Жарко Богосављевиќ, за Н1 изјави дека ова е најголемиот собир во историјата на градот Нови Сад бидејќи „денеска на улиците имало повеќе луѓе отколку што градот имал во 1990-тите“.

Пред една година на денешен ден во Нови Сад, 16 лица загинаа, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна настрешницата на реновираната железничка станица. Една година подоцна, кривичната одговорност за тој настан се уште не е утврдена.

Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година во 11:52 часот претпладне и притоа загинаа 14 лица, меѓу кои четири деца – на возраст од шест, 10, 16 и 17 години, додека три лица беа тешко повредени. Меѓу загинатите беше и еден Македонец.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека денеска во Нови Сад, со почеток во 10 часот наутро, ќе се одржи ненајавен јавен собир по повод годишнината од трагедијата кога 16 граѓани загинаа како резултат на падот на настрешницата на железничката станица во овој град.

Најнови вести од: Регион

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

Божиновска на министерски самит за енергетика во Белград

Средбата на која со свои делегации ќе бидат и министрите за енергетика на Србија, Грција и Бугарија, е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај годинава, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат веќе да се гледаат само како национални, туку и како заеднички регионални приоритети

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

To top