Регион

Граѓани упаднаа во ТВ Информер, реакции од Вучиќ и од студентите

Лидерот на опозицијата го нарече упадот „монструозно насилство“; „медиумите ќе ги ослободуваме во Собранието“, порачаа „Студенти во блокада – Белград“

Група граѓани влегоа во зградата на телевизијата Информер, по што редовната програма беше прекината, а главниот уредник Драган Ј. Вучиќевиќ и новинарите го напуштија студиото.

По ова, Вучиќевиќ, за време на преносот во живо, повика полиција и служби за итна помош, барајќи евакуација на вработените.

Околу 18:40 часот, група граѓани влее во студиото од кое се емитуваше програма во живо, во која учествуваа Драган Ј. Вучиќевиќ и новинари од Информер“.

По неколкуминутно меѓусебно довикување со редакцијата, групата ги напушти просториите. Редовната програма е прекината, а во моментов се емитуваат снимки од упадот на граѓаните.

Лидерот на опозицијата и донеодамнешен претседател на државата Александар Вучиќ го осуди упадот, нарекувајќи го „монструозен“.

„Вечерва бевме сведоци на насилство без преседан – монструозно насилство: упад во Информер, напад врз слободата на изразување, врз слободата на јавниот дискурс и врз слободата на новинарството. Симптоматично е што никој не се осмелува да каже ни збор за тоа; ЕУ молчи, сите молчат – многу новинарски здруженија и колеги новинари молчат – како некако да имаат право да ја истурат својата злоба врз Драган Вучиќевиќ“, реагира Вучиќ на Инстаграм.

„Да го направевме истото кон Н1 или Нова С – медиуми кои изнеле работи десет пати пострашни од сè што Вучиќевиќ некогаш кажал за демонстрантите – ќе бевме етикетирани како најлош вид на насилници, диктатори…“, истакна тој.

„Безумните напади врз луѓето мора да престанат“, напиша Вучиќ на социјалната мрежа.

Реагира и студентсткото движење „Студенти во блокада – Белград“.

„Ја разбираме среќата, емоциите и потребата конечно да ја прославиме победата по сè што поминавме. Но, сега е важно да останеме достоинствени и одговорни“, се вели во нивната објава на Фејсбук. „Медиумите ќе ги ослободуваме во Собранието, преку институционална борба за слобода и професионално новинарство. Победата ја извојувавме заедно, да го зачуваме нејзиното достоинство!“.

Најнови вести од: Регион

Шпански весник „Вангуардија“: Поразот на Вучиќ отвора врата за зближување меѓу Србија и ЕУ

„Изборниот пораз на Александар Вучиќ отвора врата за приближување на Белград кон Европската Унија (ЕУ) по неколку години студенило.“ – истакнува според денешниот шпански весник „Вангардија“.

Брнабиќ се искара со граѓани: „Кажете ми сега кој е пи*ка?“ (ВИДЕО)

Претседателката на Народното собрание на Србија, која моментално ја извршува и функцијата вршител на должноста претседател на Републиката, синоќа влезе во вербална расправија со граѓани откако ѝ дофрлиле додека поминувала со службеното возило.

To top