Регион

Грчката пошта става клуч на врата на повеќе од 200 филијали низ цела Грција

Затворањата влијаат на 204 од вкупно 456 пошти – 40 во Атика (регион на Атина) и 164 во остатокот од земјата – драстична мерка што се спроведува за справување со тешката финансиска криза на државното претпријатие.

Прекин на работата од понеделник на 204 филијали низ цела Грција, „кои имаат минимална трговска активност, со што се заокружува планот за рационализација на мрежата“, соопштија од грчките пошти (ЕЛТА), а затворањето на филијалите предизвика реакции во земјата, пренесуваат грчките медиуми.

Од ЕЛТА објаснија дека оваа мерка има за цел да обезбеди долгорочна одржливост на компанијата, која сега се фокусира на нови услуги, технолошка надградба и подобри услови за вработените и клиентите, а за конкретните филијали што се затвораат посочија дека „трансакциите учествуваат со помалку од 10 отсто во приходите, но трошат повеќе од 50 проценти од расходите на ЕЛТА“.

За затворањето на филијалите реагираа опозициските партии, но и дел од општините, особено од помалите населени места.

Министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис, коментирајќи ги реакциите посочи дека ЕЛТА при донесувањето одлуки треба да се земат предвид сите параметри и нагласи дека Владата „многу ја поддржа компанијата финансиски, со зголемување на акционерскиот капитал од над 250 милиони евра“.

  • „ELTA има проблем, но мора да преживее“, изјави Пјеракакис, истакнувајќи дека поштенската кореспонденција сега е само 10% од нејзиниот поранешен обем. 

Одлуката предизвика редок консензус за загриженост, предизвикувајќи критики и од опозицијата и од неколку пратеници од владејачката партија, фокусирани на прашањето за социјалната кохезија.

СИРИЗА побара итна парламентарна седница, тврдејќи дека затворањето на 204 филијали ќе ги остави жителите на островите, луѓето во оддалечените планински области, пензионерите, па дури и некои атински населби без основни поштенски услуги.

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

To top