Регион

Грција нема да дозволи нови блокади на границите, најави министерот Хрисохоидис

Министерот за заштита на граѓаните најавениот потег го објасни со огромните штети од попреченото движење од земјоделците

Министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисоходис, најави дека државата повеќе нема да дозволи затворање на граничните премини, мислејќи на блокадите на земјоделците.

Во интервју за радиото Скај, тој истакна дека Владата покажала огромна толеранција за сето она што се случува во економијата на земјата веќе 40 дена со протестите на земјоделците и се праша кој ќе ги плати нанесените штети.

„Нема шанси повторно да се затвори царинска служба и тоа го нагласувам јасно. Тоа се влезовите на земјата, имаме огромни проблеми, нè пријавуваат другите земји во Европската унија. Но, не е само тоа, главно е дека се попречува функционирањето на економијата, се попречува работењето на бизнисите кои бараат снабдување со производи, со суровини, гориво и слично. Ова не може да продолжи. Обесштетувањата што ќе се побараат ќе бидат огромни“, рече Хрисохоидис.

Со блокадите од земјоделците што почнаа на 30 ноември се засегнати и граничните премини кон Македонија, Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија), на кои се паркирани трактори и кадешто демонстрантите изминативе денови по неколку часа попречуваа влез и излез на камиони, а одвреме-навреме и на патници.

 

Најнови вести од: Регион

Кос ја „предупреди Турција“: Задушувањето на опозицијата, ЛГБТ-заедницата и медиумите ве оддалечува од ЕУ!

„Неодамнешните случувања поврзани со слободата на печатот, ЛГБТИК+ правата и локалната демократија, дополнително го зголемуваат јазот меѓу Турција и нејзината цел за приклучување кон Европската Унија“, рече еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос во турскиот град Едрене, во близина на границата со Бугарија.

To top