Регион

Иран ја предупреди Бугарија: Не дозволувајте САД да ги користат аеродромите

Источниот сосед

Министерството за надворешни работи на Бугарија потврди дека минатиот месец Иран ја предупредил земјата да не дозволува на САД да ги користат нејзините аеродроми за авиони кои учествуваат во воени операции во Иран.

Информацијата стана јавна откако пратеникот Станислав Балабанов од партијата „Постои таков народ“ објави нота од 18 март, во која иранската влада протестира против присуството на американски воени танкери стационирани на аеродромот „Васил Левски“. Во нотата се наведува дека Иран „го задржува правото да преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет, безбедност и национални интереси во согласност со меѓународното право“.

Автентичноста на нотата ја потврди заменик-министерот за надворешни работи, Марин Рајков. Тој истакна дека „Бугарија не е во војна“ и дека „ниту еден борбен авион не ја користи Бугарија за учество во воени операции“. Рајков додаде дека земјата продолжува да одржува нормални дипломатски односи со Иран.

Најнови вести од: Регион

Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до 27 ноември

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС), Ана Брнабиќ, се обрати од зградата на Претседателството на Србија, во својство на вршител на должноста претседател на Република Србија.

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top