Регион

Јотова вели дека Бугарите биле чувари на кирилицата

Бугарската култура и кирилицата треба да бидат достапни не само за Бугарите, туку за целото човештво, вели претседателката на источниот сосед

Животот на кирилицата продолжува во дигиталното доба, сè додека ние сме нејзини чувари и сме будни за да се осигураме дека нашиот јазик нема да биде заменет со други јазици, дека убавите бугарски зборови и убавите кирилични букви нема да бидат заменети.

Ова го изјави претседателката Илијана Јотова во својот говор за време на вториот ден од Меѓународниот форум за кирилицата „Духовно наследство во дигиталното доба“, што се одржа во Рилскиот манастир, објави бугарското претседателството.

Научната конференција е организирана на иницијатива на претседателот и е под покровителство на Националната комисија на Република Бугарија за УНЕСКО, со помош на Министерството за образование и наука и со поддршка на Бугарската православна црква.

Шефот на државата истакна дека третиот Меѓународен кириличен форум се фокусираше на големата одговорност кон историјата, бугарската древна култура и духовност за да бидат внесени во дигиталното доба.

 

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

Марта Кос во Подгорица: Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè, што се случува во стадото!

„Треба да им кажете што да прават, тие ве слушаат… Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè што се случува во стадото. Имам многу моќ во оваа улога, но вистинската преобразба случува само кога луѓето ја чувствуваат – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред студентите на Факултетот за политички науки во Подгорица, каде вчера одржа предавање.

Најнови вести

To top