Регион

Калас воздржана за победата на Радев: Не сме виделе како ќе дејствува новата влада

Нема да брзаме пред настаните, одговори шефицата на дипломатијата на ЕУ дали има загриженост за промена на надворешната политика на Бугарија кон Украина по изборите

„Ние сме 27 демократии, што значи дека имаме избори каде што луѓето ја избираат својата иднина. Пред да има нова влада, не сме виделе како таа функционира. Нема да брзаме пред настаните“.

Вака одговори високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Каја Калас, на прашањето дали има загриженост за промена на надворешната политика на Бугарија кон Украина по резултатите од изборите.

Во врска со очекувањата од новата бугарска влада, таа рече дека сите треба да дојдат на масата со искрена желба за соработка и компромиси.

„Важно е сите да дојдат на оваа маса со искрена и заинтересирана желба за соработка, а исто така и со компромиси, бидејќи тие се бараат од сите. На самиот почеток, сите се третираат подеднакво, ги поздравуваме новите колеги на масата со кои можеме да се разбереме и да соработуваме“, додаде таа.

Најнови вести од: Регион

„Кауфланд“ казнет со рекордни 76 милиони евра во Бугарија – вршел притисок врз сите, компанијата се заканува со стопирање на инвестициите

Одлуката следува по повеќемесечно истражување на пазарот на храна, кое бугарскиот регулатор го започнал во јуни 2025 година, со посебен фокус на цените, трговските маржи и договорните односи меѓу големите синџири и производителите.

To top